Национален портал за е-услуги (uslugi.gov.mk)
Националниот портал за е-услуги (во понатамошниот текст: Порталот) е електронска платформа, достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните на РСМ им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи и други субјекти кои даваат е-услуги преку Порталот.
Порталот е воспоставен и управуван од Министерството за дигитална трансформација (во понатамошниот текст: МДТ), кое е одговорно за достапноста и техничкото функционирање на Порталот, како и системите со кои е поврзан, а кои се опишани во делот 2.
За содржината на информациите за одредена услуга, како и за давањето на самите е-услуги, одговорен е исклучиво надлежниот орган или друг субјект – давател на услугата (во понатамошниот текст: Надлежен орган).
Систем за управување со документи (еДМС)
Системот за електронско управување со документи (Document Management System – ДМС) е унифицирана, безбедна и модерна дигитална алатка што овозможува целосно електронско управување со документи, предмети и административни процедури во рамки на државната управа.




